УКРАИНА: РУСКИТЕ БЕЛОГАРДЕJЦИ ВО ДОНБАС

Нема револуција во Донбас туку тоа е украинската Вандеја!

 

Збигнев Марцин Ковалевски

 

Нема револуција во Донбас, ниту дури масовно движење. Тие постојат само во пропагандата на поддржувачите на вооруженото сепаратистичко движење, предводено од радикални десничарски националисти. Увезени од Русија, тие бараат обнова на царистичката империја. Кремлин ја поддржува оваа реинкарнација на белите гарди и црностотниците кои ја дестабилизираат Украина, но изгледа дека Кремлин исто така се плаши од нив.

 

(Белогардејците беа контрареволуционерните сили кои се бореа против болшевиците во Руската граѓанска војна. Црностотниците беa десничарско националистичко движење, монархистичко и клерикалистичко, кое поттикнуваше погроми против Евреите. Тоа се појави за време на револуцијата од 1905 година. Неговите борбени секции беа прототип на фашистичко движење.)

На 22 април, Борис Кагарлицки потврди (на англиски овде, на руски овде) дека „успешното востание од стотици илјади (и можеби милиони) луѓе во источна Украина не може да се објасни врз основа на руско вмешување.“ Востание од стотици илјади, дури милиони? Дури пропагандата на рускиот режим наменета за луѓето во странство, со каналот Russia Today на прво место, е илјада пати поодмерена.

Во меѓународната левица, скоро никој не знае руски, а дури помалку украински; според тоа, кога левицата сака да знае што се случува во Украина, таа е затекната во катастрофална ситуација. Па, за да не зависи од западните мас-медиуми, таа е осудена да прибегне кај англиската верзија на пропагандата на режимот на Путин и кај пропагандата на таканаречените „анти-империјалистички мрежи“ кои се про-руски (често „црвено-кафени“ или отворено кафени) како и она што е преведено на англиски од весникот Links – сајт, да бидеме точни, кој ги објавува пишувањата на Кагарлицки кои се однесуваат на ова големо народно востание кое не постои.

Многу од левицата остави да биде конзумирана од овие пишувања; баш како што таа веруваше, претходно, во постоењето на „фашистички пуч“, „фашистичка хунта“ и „фашистички терор“ во Украина. Дел од левицата го направи ова од дезиориентација, поради што таа е самата одговорна. За другиот дел од левицата, сосема значаен дел, „востанието“ во источна Украина служеше како смоквин лист за да го скрие својот премин како нео-камписти или едноставно пост-сталинисти на страна на рускиот империјализам.

 

Социјал-империјализам и замислена револуција

 

Во очите на голем дел од западната левица, Кагарлицки е ценет како еминентен руски марксистички мислител. Ова е наспроти фактот што во неговата верзија на историјата на Русија, нема место за колонијално подјармување на други народи, за империјалистичка доминација и големо руско национално угнетување, за „затвор на народи“ во времето на царевите или во сталинистичката и послесталинистичката доба, за борбите на угнетените народи за свое национално ослободување. (Види B. Kagarlitsky, Empire of the Periphery: Russia and the World System, London, Pluto Press, 2007.)Како последица на тоа, во оваа верзија на историјата исто така не постои украинско национално прашање, нема историска борба на украинскиот народ за свое обединување и независност.

Во текот на четврт век, авторот на овој текст го сметаше Кагарлицки за припадник на посебен вид на руски социјалисти, имено оние кои во очите на еден болшевик познат на сите (Ленин), заслужуваа не многу софистицирани и нерафинирни придавки „социјал-националисти“ и „социјал-империјалисти“. Поради тоа, не изненадува што Кагарлицки – следејќи ги во ова руската националистичка радикална десница и сепаратистичкото движење кое таа го води – неодамна почна да ја именува југоисточна Украина со името Нова Русија (Новорусија) користено во времето на царевите; и што за да го украси својот сакт rabkor.ru тој избра „ново руски“ империјалистички амблем.

За време на кримската криза Кагарлицки се истакна со една теза која беше повеќе кловновска отколку оригинална. Имено дека „немало вмешаност на подмолни заговори или империјалистички амбиции“. Тоа бил самиот Крим, по силата на волјата на локалниот руски народ и мудроста на неговите лидери, што му го наметнал на Владимир Путин, кој одбивал, припојувањето на Крим кон Русија; или поточно „тоа е Крим што ја припои Русија“.

Подоцна, кога руското сепаратистичко движење започна во источна Украина, Кагарлицкисметаше (на руски јазик овде) дека „во Украина, се случува вистинска револуција“. „Вистинска револуционерна преобразба се случува во свеста на народот“, кој „не само што одеднаш излезе на улиците, но исто така започна да делува независно, организирајќи се и да создава историја.“

Тие започнале да ја создаваат на начинот на којшто народот создава вистинска историја –рекол Кагарлицки – имено „на руски, на нивниот мајчин јазик (којшто во просторот на поранешната империја, беше и останува точно јазикот на работничката класа)“. Како што ние можеме да видиме, наследството од русификација со векови во постколонијалните периферии на империјата претставува за Кагарлицк класно освојување за пролетаријатот. „За првпат после многу години, работничката класа почнува да делува во рамките на просторот на поранешниот Советски Сојуз“, нè уверува повторно Кагарлицки. „Можеби е премногу рано да се зборува за класна свест, но од друга страна класниот судир стана стварност.“

Откако револуцијата избувна, има итна потреба за стратегија, објави Кагарлицки (на руски јазик овде). Без неа, нема спас. Сепак, „денешните руски елити се темелно неспособни да размислуваат стратешки.“ Ова е така бидејќи „луѓето кои го сочинуваат руското водство не се политичари туку бирократи и специјалисти за јавни односи, луѓе кои едноставно или немаат искуство или склоност да донесуваат ризични одлуки кои радикално ја менуваат ситуацијата. Никој од овие луѓе не може дури да замисли како тие би требало да делуваат под услови на масовни кризи и револуции.“ (на руски јазик овде.)

Покрај тоа, начинот на којшто „револуционерното“ движење во источна Украина се однесува „не ги создава условите за стратешки пробив“. Неговите акции, сепак, „се засновани на посебно гледиште на ситуацијата, гледиште кое е органски присутно не само во водачите на движењето, но најмногу во значаен дел од народот во југо-источна Украина. Востаниците се убедени дека сè што треба да прават е цврсто да издржат за одредено време, а потоа Русија ќе дојде да им помогне; ако ова не добие форма на непосредна воена интервенција, ќе се најде некој друг механизам. За жал, секој изминат ден од почетокот на востанието покажа колку овие надежи се илузорни.“

Кагарлицки се обиде значи да ја поправи оваа двојна слабост: упати го сепаратистичкото движење за тоа како да ги создаде неопходните услови за „стратешки пробив“ којшто ќе го отвори за „револуцијата“ патот до победата. Како што тие се обидуваат да маневрираат и да добијат време, руските власти ризикуваат да го изгубат круцијалниот стратешки момент.“ Односно, „како што бунтовниците се обидуваат да осигурат дека стратешката иницијатива завршува во нивни раце, тие не можат едноставно да си дозволат да чекаат одлуки од Кремлин. Напротив, тие треба да создадат нова ситуација преку нивните лични акции, одредувајќи однапред кои ќе бидат овие одлуки. Пробив во развојот на борбата во југо-источна Украина ќе се случи само кога најголемите регионални центри, пред сè Харков и Одеса, ќе се приклучат на движењето.“

 

„Народни републики“ со олигархиска инспирација

 

Сепак, проблемот е што „ширењето на социјалната основа на востанието“ – коешто, да запамтиме, во секој случај вклучило „стотици илјади, дури милиони луѓе“ – „ќе зависи од неговата програма“. Тоа треба да биде „анти-олигархиска социјална програма“, но, предупредува Кагарлицки, не „таква програма којашто дури мора да биде исклучиво левичарска или социјалистичка. Доволно е да повикува за национализација на имотот на оние украински олигарси кои се во отворен сојуз со режимот во Киев.“ Со други зборови, тоа треба да биде програма прилагодена на националистичкиот карактер на „ново-руското“ сепаратистичко движење за коешто Кагарлицки останува тивок во своите написи, но за коешто тој бил, како што ние гледаме, совршено свесен.

Но, идејата за една таква програма не траеше долго: таа беше категорично отфрлена од Александар Бородај, „премиерот на Народната република Донецк“. Во интервју со RIA Novosti на 31 мај, тој објасни што разбираат властите на „републиката“ под национализација. „Она што ќе биде национализирано се оние претпријатија кои досега беа сметани за сопственост на Украина. Тие едноставно преминуваат од рака на рака. Она што беше државна сопственост ќе биде државна сопственост во Народната република Донецк. Тоа е природно и логично.“ A претпријатијата на Ринат Ахметов (украинскиот најбогат човек, сопственик на холдингот ЅСМ којшто контролира големи индустриски гранки во Донецк)? „Не станува збор за нивно национализирање. Ние немаме ништо заедничко со комунистите, кои положуваат раце на нешто и го национализираат. Ние го почитуваме правото на приватна сопственост.“ (Види го исто така текстот Збигниев Маркин Ковалевски (на француски), Zbigniew Marcin Kowalewski’s article (inFrench)Des militants ouvriers ukrainiens sur la situation dans leDonbass.)

Според тоа, воопшто не изненадува што Кагарлицки исто така молчи околу уште еден крајно важен факт, во однос на претходниот: дека од почетокот, ова движење не само што ја имало поддршката на најголемиот олигарх во Донбас, Ринат Ахметов, но исто така било инспирирано од него.

Ова беше познато тогаш кога Кагарлицки пишуваше околу избувнувањето на наводната револуција во источна Украина. Како и да е, оние кои сакале да знаат, знаеле; на пример, благодарение на Александар Косвинцев, независен руски новинар, кој побарал политички азил во Украина пред седум години бидејќи бил прогонуван од режимот на Путин (тој сериозно се плашел за својот живот), и му било доделено државјанство. На 10 април, тој го ставил Ахметов на својот список на „Топ десетте современи украински предавници“. Косвинцев напишал: „Во родниот крај на г-дин Ахметов, сепаратистите не само што не се смирија, туку од неодамна работат напорно да го спроведат сецесионистичкиот план на Кремлин. Кој може да поверува дека „кметот“ на регионот не учествува во тој план?“

Подоцна, на 10 мај, ова беше целосно потврдено од Павел Губарев, кратковремениот „народен гувернер“ на Донецк (во текот на пет дена, од 1 март). Тој само што излезе од украински затвор, и, во интервју за рускиот печат, зборуваше за почетоците на оваа „револуција“ и улогата одиграна од партијата на регионите, олигархиската партија на протераниот претседател, Виктор Јанукович. Тој искрено признал дека: „Ние гледавме во секој град појава на лидери на таканаречена доброволна народна милиција. И потоа нашата партија на власт, нашите владејачки олигарси од југоистокот, започнаа да соработуваат со милитантите на оваа доброволна народна милиција. Се дозна дека две третини од овие активисти беа платени од олигархот Ахметов. Многу мала група на луѓе останаа верни на идеалот; сепак, тие продолжија да земаат пари. Секој ги земаше парите! … Под овие услови, секој беше поткупен. Оние кои не беа поткупени беа или маргинализирани, дискредитирани или тероризирани.“ Некои дури беа предадени на Безбедносната служба на Украина (ЅВU); ова беше судбината на Губарев.

Лидерите на „Народната република Донецк“ дури не мрднаа прст за да го ослободат. Само Стрелков, командант на сепаратистите во Словјанск, делуваше, разменувајќи го за украински офицер кој бил заробен. Ова е причината што Губарев за да се одмазди поради предавството чија жртва беше, ја обелодени клучната улога на Ахметов во раѓањето на сепаратистичкото движење. Денес, многу милитанти на ова движење зборуваат за тоа, како и иследувачи и аналитичари, како што е Анатолиј Несмијан, „Ел Мурид“, просепаратистички политички аналитичар во Санкт Петерсбург, познат по своите либиски и сириски врски (кои не се тешко препознатливи). На полу-официјалниот сајт на сепаратистите, Russkaya Vesna(Руска пролет), тој напишал, зборувајќи за Ахметов, дека „Народната република Донецк беше негов проект“, и дека сега, од моментот кога тој (наводно) ѝоткажал поддршка, „таа треба да покаже дека може да преживее без Ахметов, и дури против него ако е потребно.“

 

Што откри „министерот за одбрана“ Стрелков

 

На 17 мај 2014, полковник Игор Стрелков иницира драматичен повик до „населението на Народната република Донецк“. Неколку дена порано, тој стана „врховен командант на вооружените сили“ (коишто сепаратистите општо ги нарекуваат opolcheniye, односно, доброволна војска) и „министер за одбрана на Народната република Донецк“. Неговото вистинско име е Игор Гиркин, тој е руски државјанин и неговата неофицијална струка е примената на копнени борбени сили на границите на „рускиот свет“ и православниот свет. Зад себе тој има четири воени искуства: во Молдавија, на страната на руските националисти од Транснистрија; во Босна, на страната на српските националисти, и во Чеченија, каде што тој учествувал во двете војни во рамките на руската војска.

Центарот за одбрана на човековите права, Меморијал, во Москва, го обвини дека извршил злосторства против човештвото за време на Втората чеченска војна. Исто така учествуваше во анексијата на Крим. Тој пристигнал во Донбас од Русија. Според Безбедносната служба на Украина, тој ја преминал границата на 12 април. Неговиот повик создал сензација меѓу сите оние кои го следеле руското сепаратистичко движење во источна Украина. За само 48 часа, милион луѓе кои зборуваат руски го гледале на YouTube. (Видеото исто така овде, текстот овде.) Сепак, остатокот од светот – односно оние кои не зборуваат руски – не слушнале за него досега.

„Јас морам да ви ја кажам вистината. Право во очи!“, изјавил Стрелков. „Еден месец помина откако ние, мала група доброволци од Русија и Украина, после сослушаниот врисок за помош којшто прсна од устите на лидерите кои вие ги поставивте на чело на вашето движење, пристигнавме овде и се соочуваме во вооружена борба со целата украинска војска.“ „Во последниот месец“, продолжил тој, „ние ги слушнавме многупати овие очајни повици: Дајте ни оружје! Дајте ни муниција за да ние можеме да се бориме за нашата слобода!“ Оружјето, продолжил Стрелков, е веќе овде. „Тоа се наоѓа во центарот на местото на водење битка – во опсадениот град Словјанск. Тоа е овде! Овде, каде што тоа е најпотребно. Овде, каде што доброволците го заштитуваат со своите тела остатокот од Донбас, вклучително Донецк и Луганск.“

Сепак, „Што ние гледаме? Изобилие на сите нешта, освен маси од доброволци – кои не се овде – на портите на нашите генералштаби. Словјанск има 120 000 жители. Краматорск двапати повеќе. Вкупно, во регионот Донецк, има 4.5 милиони жители. Јас можам искрено да кажам дека не очекував воопшто дека ние немаше да најдеме во целиот регион, ниту дури илјада луѓе кои сакаат да ги ризикуваат своите животи – не во нивниот град, на барикада близу нивниот дом, од каде што би требало пола ден возење за соочување со војник од украинската национална гарда – туку на фронтовската линија, каде што тие пукаат со вистински куршуми секој ден.

Кога јас сè уште бев во Крим, ги слушнав милитантите на народното движење кои велеа дека „кога рударите се креваат, тие ќе распарчат секого со свои голи раце.“ Досега, ние не гледаме ништо од тоа дека се случува. Десетици и стотици се придружија на нашите редови и тие се борат. Десетици и стотици илјади го гледаат сето тоа седејќи тивко пред своите телевизори со кригла пиво. Очигледно, тие чекаат да дојде војска од Русија, нивната сестра, способна да направи сè за нив; или да дојде доволен број на бестрашни доброволци, кои сакаат да умрат за нивното право на подостоинствен живот од оној што тие го имале за време на 23 години под власта на киевските националисти. Каде се овие 27 000 доброволци за кои новинарите зборуваат? Јас не ги гледам.

Во нашите редови на доброволци, има сè повеќе мажи „мошне над 40 години“, кои пораснале и биле едуцирани во времето на СССР. Но, има многу малку младинци. Каде се тие – сите овие момци одовде, млади и силни? Можеби во овие бандитски „бригади“, кои искористувајќи го денешното безредие, побрзаа да „го ограбат она што беше ограбено“ и да шират беззаконие во градовите и селата ширум регионот Донецк? Да, секој ден ние добиваме информации за нивните нови „победи“. Многу незадоволни „членови на доброволната војска“ бараат оружје, главно за да ги бранат своите домови од бандити и криминалци. Во ред, нивната желба е легитимна. Сепак, се поставува прашање: како може командантите на доброволната војска да го познаваат секое лице кое доаѓа да ги види за да добие оружје? Чесен граѓанин или бандит преправен како „патриот од Донбас“?

Одговорот што ние го даваме е едноставно овој: ние ќе сметаме за „член на доброволната војска“ само некој кој, припаѓајќи на борбена единица, ќе учествува непосредно во битките против трупите на хунтата, и кои ќе го прават тоа во време и место кое е одредено како нужно од неговите лидери! Бидејќи без дисциплина нема да има ништо! Не само што нема да има победа, но ниту ред ќе има! Ако секој сака да „војува“ каде и кога тие сакаат, тогаш доброволната војска на Донбас ќе биде преобразена во нешто помеѓу орда на дивеечки дезертери и банда на Атаман Анхел.“ (За време на револуцијата и граѓанската војна во Украина, Јевхен Анхел (1897-1919) командувал независно герилско движење, одбивајќи да се потчине на политичките и воени власти на Украинската Народна Република, предводена од Симон Петлиура, и борејќи се на своја одговорност против Црвената Армија.)

„Но, истото тоа нема да се случи! Само оние кои се истакнуваат во борба против непријателот и кои извршуваат други воени должности, ќе го добијат правото да ги решат личните проблеми, во рамките на доброволната војска! И ние ќе воспоставиме ред во тоа – не се сомневајте во тоа! Сите оние кои, денес, ограбуваат продавници и претпријатија, продаваат дроги или едноставно го крадат обезоруженото население, не треба да сметаат на „игра која продолжува под сегашните правила“, и на „војна којашто уништува сè“. Крајот на бандитството во Донбас дојде! Новата влада ќе му овозможи на секој можност да се откаже од криминални активности, но оние кои нема да сакаат да ја искористат ќе пострадаат од вистинска казна. Казна од којашто никој нема да може да се спаси! Во согласност со воените закони!

Се враќам на главната тема. На регионот Донецк му требаат бранители, а на доброволната војска ѝ требаат дисциплинирани војници-доброволци. Ако мажите не ги задоволат потребите, тогаш ќе мора да се регрутираат жени. Денес, наредив дека тие треба да бидат вклучени во доброволната војска. Преголема штета што нема офицери меѓу жените. Ниту во активната служба, ниту во резервната. Но, каква разлика прави тоа, ако мажите офицери дури не доаѓаат да не видат! Досега, дури ние не најдовме неколку дузина воени професионалци кои се спремни да командуваат борбени единици! Колку срамно! Две недели јас барам од нив да ми пратат некој кој би можел да стане началник на штаб, и барем пет луѓе кои би можеле да командуваат одреди и води!“

 

„Инертноста на аморфна маса“, белогардејците и црностотниците

 

Александар Жилин, ултранационалистички руски новинар, кој е шеф на одделот за безбедносни прашања во неделникот MoskovskiyeNovosti (Московски Вести) и воен аналитичар за Радио Свобода, неодамна се обиде да „објасни зошто влезот на руски војници во Украина било бескорисно и сосема едноставно глупаво.“ Тој напишал: „За среќа, Игор Стрелков, лидерот на движењето на отпор, стори подобро од мене: во својот проглас, тој ја опиша многу точно инертноста на локалното население на Луганск и Донецк, одбивајќи да делува во одбрана на своите интереси.“

Еден друг руски иследувач, исто така поддржувач на сепаратистите, се изрази во истиот дух. „Во југо-источна Украина има оружје во огромни количества; можеби само недостасува авијација. Во складиштата, има дури тенкови; вие едноставно треба да осигурите соодветно одржување. Но, нема никој што би го направил тоа. Вистината е едноставна и обична: локалното население не сака да војува. Тоа не сака да помогне дури малку, бидејќи се плаши дека тоа може подоцна да биде искористено против него. Ниту руските доброволци добиваат многу. Не постои „востанички Донбас“. Постои грст фанатици, спремни да даваат отпор до крај и … аморфна маса, којашто најмногу е способна да стави прецртување на гласачко ливче.“ Да бидам прецизен: на гласачкото ливче на „референдумот“ организиран од сепаратистите.

Па, тоа е она што ние можеме да го кажеме за ова „успешно востание на стотици илјади или дури милиони народ во источна Украина“, измислено од Кагарлицки и пропагирано од Links.

Кој е овој Стрелков? „Јас се сметам за поддржувач на автократска монархија во Русија“,објаснува тој. Покрај тоа: „Јас сум цврсто убеден дека до овој ден болшевичката власт продолжува да постои во Русија. Да, таа се промени, стана непрепознатлива, но во својата суштина таа останува неизменета: од гледна точка на нејзината анти-руска, анти-патриотска и анти-религиозна ориентација. Во нејзините редови може да се најдат непосредните потомци на луѓето кои ја „направија“ револуцијата во 1917 година. Сосема едноставно, тие се маскираа, но нивната суштина не се промени. Тие останаа на власт, отфрлувајќи ја идеологијата којашто ги спречуваше да се збогатат и да уживаат во материјалните добра. Но, процесот на непосредно уништување на руската нација (и на други домородни народи на Руската империја) продолжува со други средства; со „успех“ којшто ве прави збунети. Во 1991 година имаше пуч; но контра-револуцијата не беше довршена.“

„За да ја спасиме ситуацијата, ни треба во Русија темелно нов бел идеал.“ Нов, објаснуваСтрелков, бидејќи „голем дел од населението има непријателски чувства кон идеологијата на белото движење. Да му се понуди на масите „во неговата чиста форма“ би значело да се осудиме однапред на неуспех.“

„Веројатно, со сегашната влада ние можеме само да изградиме Голем Хондурас, каде што порано била Голема Русија. Го имам впечатокот дека ова веќе беше целосно успешно.“ Оваа влада „е непријател на Голема Русија, како што е и „опозицијата“. Тие дојдоа на власт со помош на Западот и не сакаат да ја предадат на ново„избраните“ од Западот.“ Стрелков исто така пишува дека: „Сите „експлозии“ на незадоволство во Москва и Петерсбург се финансирани тајно од странство. Се разбира, „парите за револуција“ не се директно дадени од Западот на своите марионети. Тоа се локалните олигарси-спонзори („со демократска ориентација“) кои ги даваат … бидејќи нивните интереси се неразрешиво поврзани со меѓународниот еврејско-англо-саксонски капитал, на којшто тие се подружница.“

Оваа политичка ориентација е споделена од Александар Бородај, кого Стрелков го повика од Русија за да го именува како „премиер на Народната Република Донецк“. Сепаратистичкото движење во Украина, коешто тие го водат, е – според нивната стратегија – вооружената база на руската монархистичка контра-револуција, нераскинливо поврзана за обнова на империјата, како и за „политичко-религиозна револуција којашто може да го спаси човештвото од деградација и исчезнување, со како цел на својот развој: трансценденталните вредности на духот и тежнеењето кон божественост.“ Бородај, син на филозоф, поддржувач на идеите на Лев Гумилев и националистички милитант, е исто така милитантен идеолог на радикалната десница.

(Лев Гумилев (1912-1992), руски мислител, создаде филозофија на историјата заснована на „теорија на страсна етногенеза“. Таа сочинува втемелување на културен расизам, особено анти-семитизам, и на геноцидни војни меѓу „етнички системи“ дизајнирани како органски целини. „Суперетносите“ и „етничките химери“ кои формираат на моменти контакт помеѓу различните „суперетноси“ се типични категории на оваа теорија. Демократските сектори на руската научна заедница ја подложија на немилосрдна критика, но имаше збунувачка кариера на многу универзитети и во руското општество. Теоријава има многу поддржувачи во радикалните десничарски кругови. Види M.Laruelle, „Lev Gumilev Nikolaevic (1912-1992): biologism andEurasianism in Russian thought“, 2000.)

Бородај потврдува: „Изгледа дека само ние – Русите – сме соодветни да ја играме оваа улога на иницијатори на религиозна револуција. Бидејќи ако ние му веруваме на Гумилев, нашиот суперетнос е сè уште многу млад; иако во текот на неколку векови користеше огромни ресурси за да создаде супердржави (Третиот Рим – Руската империја – СССР), тој сè уште може да ја најде во себе силата неопходна да преземе крстоносна војна во името на повисоките вредности на духот. Религиозната револуција е неминовна војна против злото; тоа исто така е горчлива, безмилосна војна. Дали руската нација е способна за еден таков подвиг? Кои ќе бидат боите на идната религиозна револуција? Дали нејзините знамиња ќе носат православни крстови и други христијански симболи?“

Во „Уставот на Народната Република Донецк“, Бородај и Стрелков внесоа формула копирана од збор до збор од Темелните закони на Руската империја на 1906, која гласи дека „врховна и владејачка вера“ во оваа „република“ е православната вера. Тие исто таканапишаа во Уставот дека оваа вера „е матрица на матриците на рускиот свет.“ Тие додадоа дека тоа е верата „ширена од Руската православна црква (Московската патријаршија).“ Во Украина, исто така има други цркви, вклучително Украинската православна црква.

Од украинската периферија, контрареволуцијата мора да се прошири на целиот „руски свет“ и да доведе до обнова на „историската Русија“ – Русија на царевите. Во нивниот „устав“, Бородај и Стрелков изјавија „создавање на суверена и независна држава, ориентирана кон обнова на единствен културен и цивилизациски простор на рускиот свет, врз основа на нејзините традиционални религиозни, социјални, културни и морални вредности, во поглед на постигнување на Голема Русија, ореол на териториите на рускиот свет.“ Што ќе стане со остатокот на Украина, кога тој исто така ќе падне, после „Новорусија“? Цела Украина,потврдуваат Бородај и Стрелков, мора, заедно со Русија и Белорусија, „да бидат одново обединети во една единствена остварлива држава, обезбедена со словенска национална срж.“

Наизглед само, московскиот социјалист Кагарлицки изгледа посимпатичен кон украинската отколку руската радикална десница. Тој потврдува дека „постои веројатност после одредено време да видиме повторно украинска држава којашто не е поделена од фронтовите на граѓанска војна“, но веднаш додава, „патот за основање на една таква држава лежи низ граѓанска војна. Украина повторно ќе биде обединета само ако силите на востаничкиот југоисток ги кренат своите знамиња над Киев.“ Сега, ние знаеме кои знамиња би биле тоа.

Во Русија, во очите на националистичката, фашистичка и нео-сталинистичка десница, Стрелков сега стана национален херој. „Стрелков потсетува на легендите од Граѓанската војна: генерал Корнилов и адмирал Колчак.“ (За време на Руската револуција во 1917 година, генерал Лавр Корнилов го предводел воениот напад против Санкт Петерсбург во септември истата година, со којшто неуспешно се обидел да ја уништи растечката власт на работничките совети и другите социјалистички и револуционерни организации. Тој продолжил да го помага основањето на контрареволуционерните „бели“ армии. Адмирал Александар Колчак ја предводел „белата“ влада во Сибир сè до нејзиниот пораз во 1920.)

Еве како тие пишуваат во ултра-реакционерниот неделник Zavtra (Утре), со коешто тој и Бородај беа поврзувани долго време. „Со еден таков командант, не само што регионите Донецк и Луганск ќе бидат руски, но и целиот југоисток, Харков, Одеса, Киев и цела Украина.“

Сепак, Стрелков воопшто не подготвува начини да ги освои Киев и цела Украина, но признава јавно дека тој ќе изгуби без руска воена интервенција, којашто очајно ја бара во своите јавни изјави. „Каде ние можеме да најдеме извор на оптимизам? Во нашите мали успеси? Тие се чисто тактички; од стратешка гледна точка ние започнавме да губиме пред долго време. Топ руските државни службеници сметаат дека поддршката за Нова Русија треба да биде целосна саботажа.“ Стрелков го напиша тоа на 16 јуни. „Ако нема воена поддршка, воената пропаст на Народните републики Донецк и Луганск е неизбежна.“

За време на овој период, телевизиските канали подложни на рускиот режим молчеа за Стрелков. Зошто? Бидејќи Путин се плаши од неговото враќање во Русија после воената кампања во Украина. Така вели Борис Немцов, еден од најистакнатите лидери на опозицијата кон Путин. Немцов не се сомнева дека Стрелков и неговата „доброволна војска“ ќе изгубат.

„Порано или покасно, оваа војна ќе заврши, а Стрелков со своите воени другари ќе биде приморан да се врати во Русија. Се разбира, борците на неговата „милиција“ се свесни дека Путин ги предал, и е сосема разбирливо дека тие ќе се вратат во Русија многу гневни. Бидејќи не само што Кремлин не го припои Донбас кон Русија, туку дури не испрати своја војска таму“, пишува Немцов. „Путин е предавник, никаквец и подлец“; според мислењето на Немцов, „ова е точно како Путин е ценет од народот кој се бори во Донбас.“ При нивното враќање, „народот би можел токму да ги поддржи овие „херојски милитанти“ за кои руските мас-медиуми зборуваа толку многу.“ Во меѓувреме, „тие се разбира нема внимателно да постапуваат кон московските предавници.“

https://narodenprijatel.wordpress.com/category/%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC/

http://think.mk/2014/08/17/gotov-ruskite-belogardejtsi-vo-donbas-ukraina/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *